Си: Нема да има победници во трговската војна со САД

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави денеска дека трговската војна со Соединетите Американски Држави (САД) нема да донесе „победник“, објавија кинеските државни медиуми пред враќањето на претседателот Доналд Трамп во Белата куќа во јануари.

Loading...

Првиот мандат на Трамп беше обележан со жестоки трговски расправии со Кина, обвинети за наводна кражба на интелектуална сопственост и други „нефер“ практики.

Трамп вети дека ќе воведе уште повисоки царини за кинескиот увоз по неговата инаугурација во јануари, додека Кина се уште е во фаза на економско закрепнување од пандемијата, пренесува Бета-Франс прес.

„Тарифните војни, трговските војни и технолошките војни одат против историските трендови и економските правила и нема да има победници“, рече Си за кинеско-американските односи, пренесува CTV.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Фон дер Лајен сака да се сретне со Трамп пред инаугурацијата

Тој зборуваше на средба со лидерите на неколку мултилатерални финансиски институции.

„Кина е подготвена да одржува дијалог со американската влада, да ја прошири соработката, да управува со разликите и да го промовира развојот на кинеско-американските односи во стабилна, здрава и трајна насока“, додаде кинескиот претседател.