Си: Кина и Русија имаат најстабилен и најзрел однос меѓу големите сили

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг денес изјави дека односите меѓу Кина и Русија се најстабилни, најзрели и стратешки значајни меѓу големите земји во денешниот нестабилен и променлив свет.

Loading...

„Постојаното промовирање на високо ниво на развој на односите меѓу Кина и Русија е во фундаментален интерес на двата народа, а исто така е извор на стабилност за светскиот мир“, рече Си во Пекинг на средбата со Вјачеслав Володин, претседателот на Долниот дом на рускиот парламент, Државната Дума, пренесува Синхуа.

Претседателот на руската Државна Дума, Вјачеслав Володин, денес во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Џинпинг и му ја пренесе пораката на рускиот претседател Владимир Путин.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија има нови, уште побрзи и посмртоносни дронови. Киев во паника!

Во понеделник, Володин, на чело на руската парламентарна делегација, пристигна во официјална посета на Кина на покана на претседателот на Постојаниот комитет на Националниот народен конгрес, Жао Леџи.