Си го променила личниот опис за да се одмазди на бившиот кој ја оставил поради изгледот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Повеќето жени, откако ќе ја прекинат емотивната врска, одлучуваат да свртат нов лист и да го обележат со некоја физичка промена. Промената на фризурата е најчеста, но и најбрза промена.

Џордан (30) решила да ја промени бојата на косата и стилот на облекување, но и да почне да тренира.

 

 

Имено, таа се одлучила за целосна трансформација, бидејќи сега нејзиното поранешно момче ја изневерило и ја оставило.

Џордан открива дека раскинувањето многу ја вознемирило, но дека не дозволила да го загуби духот и да ја изгуби контролата над својот живот.

 

 

Затоа се одлучила за голема физичка промена, а се започнало со полнење на усните, нови фризури, козметички третмани и слабеење.

– Знам дека ти е жал што ме изгуби. Би ми било и мене – изјави Џордан во видеото во кое индиректно му се обраќа на поранешното момче.

 

 

Таа објави стари фотографии на социјалната мрежа TikTok и докажа дека никогаш не изгледала поубаво од по раскинувањето и одлуката физички да се трансформира.

Видеото набрзо стана вирално, го погледнале милиони луѓе, а многумина биле шокирани од трансформацијата.

 

 

– Не можам да верувам дека ова е истата личност. Изгледаш прекрасно – напишал еден маж, а друг додал колку била убава и пред големата промена.