Во Fилинген-Швенинген (Баден-Виртемберг), наводното заложништво во понеделникот вечерта околу 19 часот предизвика акција на специјалната полиција.
40-годишната жена пријавила дека на нејзиниот мобилен телефон пристигнала слика од нејзиното 27-годишно момче, кое очигледно било во заробеништво, повредено и физички малтретирано, пишува списанието Феникс.
Покрај фотографиите, таа добила и СМС-порака во која се наведува дека нејзиното момче е заложник и дека треба да им плати петцифрена сума пари за да го ослободат. Ако не го стори тоа, тие се заканиле дека ќе го убијат.
Веднаш потоа, жената повикала полиција, која го идентификувала станот во Швенинген како место на злосторството.
Потоа, специјална полициска единица упаднала во зградата и ја пронашла наводната „жртва“ и уште пет други лица на возраст од 28 до 38 години.
Се покажало дека нејзиното момче го лажирало сопственото „киднапирање“ и изнуда за да добие пари од неговата девојка. Полицијата открила и дрога во станот.
Државното правобранителство во Констанца и одделот за криминалистичка полиција во Ротвеј ја презедоа истрагата.