Си Џинпинг разговараше со претседателот на руската Дума Вјачеслав Володин

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг разговараше со претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин.

Loading...

Состанокот се одржа во Големата сала на народот на плоштадот Тјенанмен, каде вообичаено се примаат високи странски претставници, објави кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Делегацијата на Државната Дума од 21 до 23 ноември е во официјална посета на Кина.

Володин и група руски пратеници претходно се сретнаа со претседателот на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес Жао Леи, пренесува Танјуг.