Си Џинпинг повика на дополнителни мерки за зачувување на наталитетот во Кина

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на дополнителни напори за одржување на наталитетот и населението во Кина.

Loading...

Во написот, кој ќе биде објавен утре во официјалното списание на Комунистичката партија на Кина, Си ја истакна потребата од подобрување на правниот систем кој се занимава со прашањата за населението и репродукцијата, со цел да се зајакне демографската ситуација во земјата, пренесе Ројтерс.

Кина, која има 1,4 милијарди жители, забележа рекордно ниска стапка на наталитет минатата година, додека Индија ја надмина Кина и стана најнаселена земја во светот.

Си истакна дека Кина треба да развие и подобри политики за поддршка на наталитетот за да го поттикне растот на населението.

Тој додаде дека за да се обезбеди „безбедност на населението“, Кина треба да ја подобри координацијата меѓу своето население и економијата, пренесува Танјуг.

Кинеските власти неодамна воведоа мерки за подобрување на планирањето на семејството и родителството со цел да се зголеми наталитетот.