Си Џинпинг: Енергијата е камен-темелник на кинеско-руската соработка

Сподели со своите пријатели

Кинеската влада ќе го зајакне енергетското партнерство со Русија и ќе работи заедно со Москва за да обезбеди глобална енергетска безбедност, најави кинескиот претседател Си Џинпинг во пораката до учесниците на четвртиот руско-кинески енергетски бизнис форум, кој започна денеска.

Loading...

„Кина планира да воспостави уште поблиско партнерство и соработка со Русија во енергетскиот сектор, да овозможи развој на еколошки и зелени извори на енергија и да работи заедно за да ја заштити глобалната енергетска безбедност, одржливоста на производствените синџири и да направи нов придонес кон долгорочната сигурност на снабдувањето“, се вели во пораката на Си Џинпинг, која ја прочита кинескиот потпретседател Хан Женг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите имаат два големи проблеми во Курск (ВИДЕО)

Кинескиот претседател оцени и дека интеракцијата меѓу Кина и Русија во сферата на енергетиката е камен-темелник на билатералната соработка и ефикасна сила во заштитата на глобалната енергетска безбедност, пренесува агенцијата Тасс.

Си посочи дека енергетската соработка меѓу двете земји е стабилна и покрај надворешните ризици и предизвици, додавајќи дека „Русија и Кина ја интензивираат интеракцијата и координацијата и промовираат големи проекти за соработка, што ја покажува руско-кинеската енергетска отпорност“.