Си Џинпинг до шефовите за безбедност: Подгответе се за најлошите сценарија!

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг предупреди дека земјата мора да се подготви за најлошите сценарија бидејќи безбедносната ситуација се влошува.

Loading...

– Кина се соочува со се потешки и сложени предизвици за националната безбедност и мора да се подготви за најлошите сценарија преку зголемување на капацитетот за справување со внатрешни и надворешни закани – предупреди Си на состанокот на Комисијата за национална безбедност со највисоките кинески претставници, пренесува Ксинхуа.

– Мораме да бидеме подготвени за најлошите и екстремни сценарија и да бидеме подготвени да го издржиме големиот тест на силни ветрови, нестабилни води, па дури и опасни бури – рече тој и додаде дека се потребни повеќе напори за модернизација на архитектурата на националната безбедност, како и за подготовка  за вистинска борба и справување со практични проблеми“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Училиштата во Лос Анџелес затворени поради пожар, повеќе од 200.000 клиенти без струја

Си ги даде своите коментари до комисијата за национална безбедност во услови на зголемени тензии со САД.

Само оваа недела, Пекинг го отфрли барањето на Вашингтон за средба на шефовите на одбраната на двете земји, иако и двете присуствуваа на безбедносна конференција во Сингапур во јуни, наведувајќи ја потребата американските власти да го почитуваат суверенитетот и загриженоста на Кина.

Владејачката Комунистичка партија предупреди на ризиците од напредокот во вештачката интелигенција, а истовремено повика на зголемени мерки за национална безбедност.

На состанокот се повикани на „посветени напори за зачувување на политичката безбедност и подобрување на интернет податоците и безбедносното управување со вештачката интелигенција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Скандал во Холандија: Градоначалник поднесе оставка откако беше фатен во недолични постапки

На средбата, Си Џинпинг ја истакна потребата да се биде свесен за комплицираните и предизвикувачки околности со кои се соочува националната безбедност.

Loading...

На Кина ѝ треба нов модел на развој со нова безбедносна архитектура, рече тој.

Изјавите од Пекинг уследија по предупредувањето завчера од страна на научниците и лидерите на технолошката индустрија, вклучително и високите директори на Мајкрософт и Гугл, за опасностите што вештачката интелигенција ги претставува за човештвото.