На 14.02.2016 година во 08.05 часот на автопатот граничниот премин „Табановце“- Kуманово, на клучката кај селото Костурник, полициски службеници забележале две возила „Пасат“ со скопски регистарски ознаки и други возилa „Застава 126“, сопственост на П.К.М. (64) од Скопје и патничко моторно возило марка „Ауди А8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.С. (39) од селото Батинци, скопско од кои излегувале девет лица – мигранти, три лица од Сирија и шест лица од Ирак.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи откако излегле мигрантите, возачите со возилата со голема брзина продолжиле кон Скопје. По консултација со Јавен обвинител дел од мигрантите ќе бидат сместени во Прифатен центар за странци, додека семејството со две малолетни деца ќе биде сместена во куќа за ранливи категории.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и возилата и за целосно расчистување на случајот.