Шверцер со 43 мигранти приведен на патот Свети Николе – Куманово

Сподели со своите пријатели

Четириесет и три мигранти и нивниот шверцер вчера биле приведени на регионалниот пат Свети Николе – Куманово.

Loading...

– На 14.08.2020 околу 12.00 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило „мерцедес“, со велешки регистарски ознаки, но возилото не застанало. По кусо време возилото сопрело и возачот почнал да бега, но веднаш бил фатен од полициските службеници, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, станува збор за М.Ј.(28) од Штип, кој бил лишен од слобода и приведен во полициска станица, затоа што при преглед во возилото биле пронајдени 43 мигранти, меѓу кои имало и деца, и тоа од Сирија, Пакистан и Авганистан.

За настанот бил известен Јавен обвинител, по чија наредба мигрантите се сместени во транзитниот центар „Винојуг“ Гевгелија, а против М.Ј ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

Leave a Reply