Шверцер на мигранти во кумановско бегајќи од полицијата излетал од патот

Сподели со своите пријатели

Шверцер на мигранти излетал од патот откако претходно настанала бркотница со полицијата, кога не застанал на наплатната станица Романовце.

Loading...

– На 06.09.2024 околу 19.20 часот патничко моторно возило „волво“ со српски регистерски таблички во близина на наплатната станица Романовце, во правец кон Куманово, не застанало на даден знак од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции и се дало во бегство, по што на клучка Куманово возилото излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Возачот се оддалечил од местото на настанот, а како што додаваат од МВР, во возилото се пронајдени двајца малолетни мигранти од Сирија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на горивата

– Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.

Никола Ивановски