Шверц на наркотици од два милиони евра: во Германија уапсени дилери од Црна Гора, БиХ, Италија…

Сподели со своите пријатели

Германската полиција во повеќе градови уапсила десет лица, меѓу кои и луѓе од регионот, поради шверц на дрога, чија вредност се проценува на два милиони евра.

Loading...

Според полицијата, осуммината уапсени се од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Италија, Казахстан, Либан и Турција, а дел од нив имаат и германско државјанство.

Како што пренесува германскиот портал Тагблат, криминалната група од трговијата со дрога остварила профит од два милиони евра.

„Фокусот на операцијата беше во Месинген“, изјави портпаролката на полицијата.

Во акцијата полицијата пронашла три килограми марихуана, околу 50 грама кокаин, околу 50.000 пари во готовина и оружје.

„Сè на сè, истражителите ги товарат осомничените за трговија со неколку стотици килограми марихуана и кокаин“, објави порталот.

Осомничените ќе бидат изведени пред суд, а потоа најверојатно ќе им биде одредена мерка притвор.

Двајца од десетте уапсени полицијата ги ослободила, за што портпаролката објаснила дека „зависи од индивидуалната вмешаност во делото и околностите“.

Loading...

Групата е цел на истражителите од летото 2022 година, како дел од истрагата заснована на дешифрирање и евалуација на податоците од два даватели на крипто комуникации.

Со внимателно проценување на неколку стотици илјади слики, како и гласовни и текстуални пораки, тимот за истражување на наркотици успеал да открие мрежа на осомничени, пишува германскиот портал, пренесува RTCG.