Швеѓаните имаат недостаток на смет, па го увезуваат

Сподели со своите пријатели

Во последните децении, шведската влада се соочи со проблем со кој повеќето земји никогаш не се соочиле. Тие останаа без ѓубре.

Loading...

Звучи бизарно, но кога рециклирате ѓубре и ќе останете без материјали што другите треба да ги фрлат – увозот е сосема нормална опција.

 

 

Каде оди шведското ѓубре?

Во согорувачите што го претвораат во енергија. Швеѓаните се греат и на ѓубре. Тие го користат како замена за фосилно гориво.

Друго прашање што многумина го поставуваат е: како стигнаа до тоа ниво на свест?

Loading...

Звучи скоро надреално, но едноставно кажано: каде што има волја, постојат начини.

Властите на сите нивоа се вклучени во процесот, а жителите кои веќе се среќни што поминуваат време во природа неволно ја прифатија идејата што ќе помогне да се задржи истата таа природа.

Шведските домаќинства рециклираат дури 99% од својот отпад. Од 38% рециклирано ѓубре во 1975 година, тие ја достигнаа оваа неверојатна бројка. Иако, тие велат дека не е неверојатно, можно е за секого. Сето тоа е дел од „револуцијата за рециклирање“ во Шведска.

 

 

Така, Швеѓаните станаа увозници на ѓубре, што им доаѓа најмногу од Норвешка.

Ѓубрето се увезува и од други европски земји како Германија и Холандија, но Шведска е предводник.

Loading...

Иако, тие посочуваат дека согорувачите каде носат ѓубре не се идеално решение, но сигурни сме дека со толку многу волја и напор, наскоро ќе најдат подобри методи.

Leave a Reply