Шведскиот премиер се повлекува во ноември

Сподели со своите пријатели

Шведскиот премиер Стефан Лофвен неочекувано објави дека ќе се повлече од функцијата премиер и шеф на Социјалдемократската партија во ноември.

Loading...

Соопштението на Лофвен доаѓа пред општите избори следната година.

Лофвен рече дека ја известил партијата дека сака да ја напушти функцијата шеф на партијата на конгресот на партијата во ноември, а потоа да побара да биде сменет од функцијата премиер.

Тој рече дека поминал „фантастични години“ како премиер и шеф на социјалдемократите, пренесува Бета, повикувајќи се на АП.

„Но, сѐ има крај и сакам да му дадам на мојот наследник најдобри можни услови“, рече Лофвен (63), кој беше социјалдемократски премиер од 2014 година.

Заминувањето „не е лесно, но е правилно“, рече Лофвен и додаде дека има „мала тага“.

Засега не е јасно кој ќе го замени.

Тој ги предводи социјалдемократите од 2012 година, најголемата шведска партија, која во моментов има 100 од 349 места во парламентот.

Loading...

Претходно оваа година, Лофвен поднесе оставка откако не доби доверба и беше повикан од претседателот на парламентот да формира нова влада наместо да распише предвремени избори.

Тој успеа да формира влада која беше иста како и претходната.