Шведскиот пасош е најпосакуваниот во светот, а зад него следат пасошите од други земји на Европската Унија, додека САД го делат 35то место со Словенија, покажало истражувањето на компанијата „Номад Капиталиста“, кое неодамна рангирала 199 земји според вредноста на државјанството.
Според истражувањето, шведскиот пасош овозможува патување без виза во 176 држави или територии.
Основачот на компанијата, Едру Хендерсон објаснил дека со шведскиот пасош можете лесно да се ослободите од таксите во Шведска и да заминете да живеете таму каде тие се ниски, без многу главоболки.
Од друга страна нагласува дека да се биде државјанин на САД и не е толку сјајно како што изгледа.
Американскиот пасош, заедно со британскиот и германскиот, некогаш бил сметан за најдобар во светот, но сега се рангира со неколку европски нации. Имено од првите 43 места на листата на „Номад“, 33 ги заземаат европски земји.
Блумбер наведува дека за граѓаните на сите тие земји заедничка е ниска стапка на порез во однос на приходот, без оглед на тоа каде живеат.
САД од друга страна, наплаќаат порез каде и да се задржани парите. Според истражувањето на таа фирма, минатата година над 5.400 лица се откажале од државјанството на САД со што бил срушен и рекордот. Пасошот на САД и Словенија кои го делат 35то место на листата, овозможуваат патување без визи во 174 држави.
Loading...