Шведска: Странски земји ги користат социјалните мрежи за да регрутираат банди

Сподели со своите пријатели

Шведската полиција соопшти дека некои странски земји ги користат социјалните мрежи за да регрутираат членови на шведски банди, па дури и деца, за да нападнат цели како што е израелската амбасада.

Loading...

Шефот на полицијата Петра Лунд не прецизираше за кои странски земји станува збор, но минатата година шведската служба за безбедност соопшти дека иранската влада користела криминалци во Шведска за насилни дејствија, јави Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Како примери за такви напади, Лунд ги спомена нападите врз израелската амбасада во Стокхолм минатата година, вклучително и пукотници и обид за бомбашки напад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Замрзнат дожд во Германија: Неколку загинати, голем број несреќи

Шведска веќе неколку години се соочува со големо зголемување на насилството од бандите, а социјалните мрежи сега се користат за нарачување убиства и други криминални дејствија.

Многу сторители на ваквите дела во Шведска се деца, некои од нив на возраст од 12 или 13 години, соопшти полицијата.

„Овие деца беа користени како „потрошен материјал“. „Наместо да одат на училиште, тие стануваат извршители на насилни дејствија, понекогаш и за странски земји“, рече Лунд.

Шведската влада ја разгледува можноста за забрана на социјалните мрежи за деца.