Шведскиот Врховен суд одлучи да екстрадира човек кој Турција го бара за измама, објави во четвртокот шведската државна телевизија.
Loading...
Шведскиот министер за правда Морган Јохансон ја опиша одлуката како „рутинска работа“, пренесува SVT.
„Барањето за екстрадиција беше примено минатата година. Врховниот суд го разгледа ова прашање како и обично и заклучи дека нема пречки за екстрадиција за издржување на казната“, рече Јохансон.
Мажот (35) Врховниот суд на Турција во 2013 и 2016 година го осуди за измама и беше осуден на 14 години затвор.
Турскиот државјанин, кој побарал азил во Шведска во 2011 година, наводно преминал од ислам во христијанство за да избегне екстрадиција.