Шведска сака што поскоро да влезе во НАТО: „Не ја отфрламе Русија како закана“

Сподели со своите пријатели

Шведскиот министер за одбрана Пол Јонсон изјави дека Шведска мора што поскоро да стане полноправна членка на воената алијанса на НАТО.

Loading...

Тој додаде дека не може да одреди временска рамка за завршување на процесот на пристапување во НАТО, но е уверен дека Турција и Унгарија ќе го ратификуваат членството на земјата.

– Не сакаме да ја отпишеме Русија како закана бидејќи Русија покажа отпорност во Украина. Затоа мораме да се држиме до тоа и да го направиме тоа на најдобар начин со зајакнување на нашите национални слабости и целосно интегрирање во НАТО што е можно поскоро – изјави Џонсон за Гардијан.

Шведска поднесе барање за членство во НАТО во мај 2022 година истовремено со Финска, при што двете земји се откажаа од својата воена неутралност по руската агресија врз Украина.

Во април годинава Финска официјално стана членка на НАТО, додека Шведска се уште чека одобрение од Турција и Унгарија.

Јонсон рече дека е во контакт со неговите фински колеги за неодамнешните тензии на руско-финската граница, откако финските власти ја обвинија Москва дека помага да се олесни преминувањето на се поголем број баратели на азил.