Шведска ќе премести црква тешка 672 тони: Тргна на дводневно „патување“

Сподели со своите пријатели

Во Шведска започна преместувањето на црква стара 113 години, која мора да се спаси од слегнувањето предизвикано од ископувањата.

Loading...

Големата дрвена структура, висока 35 метри и тешка 672 тони, беше подигната на подвижни платформи и треба да се премести во центарот на градот, на пет километри оддалеченост.

 

 

Емотивни реакции на граѓаните

Преместувањето на црквата, кое се очекува да трае два дена, предизвика емотивни реакции кај локалното население, објавуваат медиумите.

За време на патувањето, светилиштето ќе се „движи“ со максимална брзина од 500 метри на час.

 

Loading...

 

Сè е внимателно заштитено

Медиумите истакнуваат дека е интересно што црквата не се расклопува, туку се преместува како целина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  За 20 години, добил 300.000 евра социјална помош од Германија. Се испостави дека е ТВ ѕвезда!

Нејзиниот ентериер, вклучувајќи вреден олтар и оргули од 1.000 цевки, ќе биде внимателно заштитен за време на овој потфат.

 

 

 

Loading...