Швајцарија: Граѓаните изгласаа забрана за носење бурка

Сподели со своите пријатели

На вчерашниот референдум, граѓаните на Швајцарија го поддржаа предлогот на крајната десница за забрана за носење никаб и бурки што ги носат одредени муслиманки во таа земја.

Loading...

Забраната ќе важи за покривање на луѓе на јавни места како што се ресторани, спортски објекти, јавен превоз или за време на прошетки.

Исклучок може да биде носењето никаб и бурки во верски објекти, или во случај на безбедносни и здравствени причини, како што се носење маски за заштита од инфекција со коронавирусот, објави Ројтерс.

Швајцарската влада се спротивстави на оваа мерка бидејќи смета дека покривањето на лицето е „маргинално“ социјално прашање и предупреди дека туризмот ќе биде загрозен затоа што повеќето жени кои доаѓаат во Швајцарија како туристи доаѓаат од богатите арапски земји каде жените го покриваат лицето.

Застапниците на законот тврдат дека носењето шамија над лицето ја симболизира репресијата врз жените и дека се неопходни мерки за одржување на принципот на покажување на лицето во слободно општество како што е Швајцарија.

Leave a Reply