Шпанската цивилна гарда евакуираше десетици луѓе поради шумски пожари во регионот Толедо, југозападно од Мадрид, јавува Би-Би-Си.
Најзагрозени се општините Ментрида и Калипо Фадо, каде што пожарот уништи големи површини шумско земјиште.
Властите проценуваат дека околу 25 квадратни километри веќе се зафатени од пламен.
Локалните служби распоредија противпожарни единици, авиони и хеликоптери, додека на жителите на загрозените подрачја им е наредено да се евакуираат.
Службениците апелираат до граѓаните да ги следат упатствата на властите и да го избегнуваат подрачјето погодено од пожарите.
Метеоролозите предупредуваат дека високите температури и сувото време би можеле да го отежнат гаснењето на пожарите уште повеќе во наредните денови.
Во тек е истрага за причината за пожарот, јавува Танјуг.