Шумски пожари вчера на неколку локации низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Над десет интервенции бележат кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден, претежно на шумски пожари и запалена сува трева.

Loading...

Борова шума голема во село Биљановце, каде во период од 07:30 часот делувале четворица пожарникари. По час и половина борба со пламените јазици, пожарот бил локализиран.

Нискостеблеста дабова шума и сува трева гореа и во атарот на селото Рнковце во Општина Липково. Во гаснењето на пожарот учествувале двајца пожарникари од ТППЕ Куманово и седум вработени од Шумско стопанство Куманово. Интервенцијата започнала во 08:50 часот, а конечно огнот бил ставен под контрола околу 12 часот. Како што стои во билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, изгорена е површина од 50 хектари.

Околу три хектари нискостеблеста шума и сува трева изгореле во атарот на селото Скачковце. Четворица вработени од Шумско стопанство Куманово таму интервенирале во период од 07:30 до 12:00 часот.

Нискостеблеста шума и сува трева на површина од 10 хектари изгореле и во селото Габреш. Таму исто така интервенирале четворица вработени на ШС Куманово.

Околу 09:05 часот двајца пожарникари започнале со интервенција на запалена сува трева во близина на репетитор спроти Спомен Костурница. Интеревенцијата била завршена по половина час.

Сува трева горела и покрај автопатот Куманово – Скопје, во близина на Агино село. Таму во период од 12:55 до 14:00 часот интервенирале тројца пожарникари.

Запалена сува трева кумановските пожарникари гаснеле и во атарот на селото Романовце. Тројцата пожарникари интервенцијата ја започнале околу 14 часот, а огнот успеале да го изгаснат еден час подоцна. Во истото село кај месноста Манастир, било интервенирано на заплена сува трева од 15:00 до 17:00 часот.

Loading...

Во населбата Перо Чичо во период од 14:10 до 15:10 часот двајца пожарникари гаснеле запалена сува трева на улицата „Благоја Думановски“.

Во селото Опае на опожарена сува трева интервенирале четворица пожарникари во период од 18:20 до 20:40 часот.

На улицата „Нада Михајловска“ вчера попчадне се запалил оџак на семеен дом. Тројца пожарникари интервенирале од 18:25 до 19:40 часот.

Контејнер за смет горел на улицата „Доне Божинов“. Околу 17:25 часот двајца пожарникари изглегле на терен при што пожарот го изгаснале половина час подоцна.

Причините за избувнување на пожарите, како и висината на материјалната штета допрва ќе се утврдуваат.

Leave a Reply