Сува трева и запалена нискостеблеста деградирана шума изгореа во атарот на кумановското село Винце.
Во период од 15:20 до 19:45 часот на терен интервенирале четворица пожарникари од Територијалната противпожарна единица Куманово, при што, како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пожарот бил изгаснат.
– Лицето за контакт во РЦУК Куманово од Шумско стопанство Куманово не извести дека за пожарот во селото Винце се запознаени уште пред два дена и истиот денеска (вчера) од нивна страна до 12:00 часот бил изгаснат и повторно е активен од 15:20 часот, велат од РУЦК.
Сепак од Шумско стопанство рекле дека нема да можат да интервенираат пожари безбеноста на своите вработени во текот на ноќта.
– Од нивна страна ни е кажано дека сега нема да можат да интервенираат бидејќи е касно и имаат наредба поради безбедност на вработените преку ноќ да не интервенират туку во текот на утрешниот ден, стои во извештајот на РУЦК.
Мештаните од селото Винце самоиницијативно се организирале со трактори да го заорат опожареното место за да не може се проширува огнот на поголема површина.