Кога ќе ја споменеме Трансилванија или Романија, прво на памет ви паѓа Влад Цепаш, или популарниот Дракула. Овој пат пренесуваме еден друг феномен во Трансилванија од кој се леди крвта во вените. Станува збор за шумата Хоиа Бациу за која велат дека е најпроколната во светот.
Оваа шума е сместена во близина на градот Цлуј-Напоца, а покрива подрачје од 25 хектари. Името го добила по името на еден пастир, кој, како што вели легендата, влегол во шумата со стадо од двесте овци и никогаш не се вратил.
Билогот Александар Сифт во шеесетите години снимил неколку фотографии на кои се гледаат летечки објекти над шумата. Тогаш започнала да добива на популарност и разни приказни се врзуваат за неа.
Loading...
Луѓето кои се одважиле да прошетаат низ неа или биле скептични кога се во прашање приказните поврзани за шумата, се вратиле нималку рамнодушни. Чувствата кои ги следеле во шумата биле се само не обиечни од страв, мачнини и изнемоштеност па се до физички повреди со кои се вратиле.
Некои дури и слушнале гласови кои ги следеле, а имало и такви кои виделе отсечени работи од глави или сенки кои им се укажувале на патот. Во шумата не можете да користите технологија затоа што со влезот во неа таа престанува да функционира.
Шумата изгледа многу бизарно обвиена со таинствена светлина, а биолозите не можат да го објаснат изгледот на дрвата, односно закривените стебла, како и местата во шумата кои се целосно празни и нема стебла.
Сето ова навело многумина ова место да го заобиколат во широк поглед, а оние кои веќе биле тука никогаш не се вратиле повторно.