Шума вчера гореше во липковско

Сподели со своите пријатели

Сува трева, стрниште и шума вчера изгореа во пожар меѓу липковските села Отља и Матејче, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Петмина пожарникари од ТППЕ Куманово и четворица вработени во „Шумско стопанство“ го гаснеле огнот во период од 12:30 до 17:15 часот, кога конечно пожарот бил изгаснат.

Во текот на изминатото деноноќие кумановските пожарникари имале уште две интервенции.

Кај „Гарден“ гореле сува трева и ѓубре. Таму интервенирале двајца пожарникари во период од 13:15 до 14:15 часот.

Сува трева и ѓубре гореле и во близина на пицерија „Сезам“ каде четворица пожарникари интервенирале од 16:33 до 16:55 часот.

Никола Ивановски