Шума и трева гореа во село Челопек

Сподели со своите пријатели

Припадниците на Територијалната против пожарна единица Куманово во текот на вчерашниот ден четири часа гаснеле запалена сува трева и деградирана шума во атарот на село Челопек.

Во 16 часот кај кумановските пожарникари бил пријавен пожарот при што шестмина пожарникари со едно противпожарно возило излегле на терен и огнот го локализирале околу 19 часот.

Засега не е познато колкава е опожарената површина, а причините за избувнување на пожарот допрва ќе се утврдуваат.

 

Loading...