Шума гореше на три локации во кумановско

Сподели со своите пријатели

Најмалку три шумски пожари имало во текот на изминатите 24 часа на подарчјето на Куманово и Липково.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, кумановските пожарникари бележат една интервенција и тоа во селото Колитско, каде горела деградирана шума и сува трева. Тројца пожарникари интервенирале во период од 10:30 до 13:35 часот.

Екипа од петмина вработени во Шумско стопанство Куманово биле на терен во атарот на селото Габреш, поточно кај месноста викано Островица, за да извршат проверка на опожарената површина од пожарот на кој интервенирале завчера. Истиот го гаснеле цела ноќ и го локализирале вчера наутро во 4 часот по што се повлекле од теренот. Според екипата во подоцнежните утрински часови во селото немало акивни жаришта од пожарот, а притоа процениле дека се изгорени околу 50 хектари површина.

Во селото Извор, Општина Липково во период од 13:30 до 15:25 часот тројца вработени во Шумско стопанство Куманово гаснеле деградирана шума од габер и даб. Во пожарот целосно е изгорена површина од три хектари.

Leave a Reply