Штотуку започна нова трговска војна меѓу ЕУ и Британија

Сподели со своите пријатели

Европската унија покрена нова правна постапка против Велика Британија поради нејзините планови да прекрши делови од договорот по Брегзит, што го договори со блокот.

Loading...

На почетокот на неделава британската влада најави дека планира да го измени Протоколот за Северна Ирска, поточно деловите од договорот кои се однесуваат на правилата за трговија, дознава Си-Ен-Ен.

ЕУ соопшти дека повторното преговарање на протоколот е договор и дека неговата еднострана промена ќе се смета за кршење на меѓународниот договор, што може да доведе до парични казни.

„Едностраната акција не е конструктивна. Прекршувањето на меѓународните договори не е прифатливо“, се вели во соопштението на потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчовиќ.

Да потсетиме, Велика Британија со договорот се согласи да ја задржи Северна Ирска во рамките на регулаторната шема на ЕУ.

Тоа решение, сепак, создаде уште една главоболка – бидејќи остатокот од Велика Британија не потпаѓа под правилата на ЕУ, стоките што заминуваат од Северна Ирска кон остатокот од Британија ќе треба да се проверат.

Обраќајќи им се на новинарите во средата, Шефчовиќ рече дека покрај покренувањето правни постапки, ЕУ ќе разгледа „дополнителни детали“ за можните решенија што ги предложи претходно.