Сигурно следејќи ги апликациите за временска прогноза сте забележале дека стои одреден процент за врнежи. Но, што тоа конкретно значи?
Корисник на социјалната мрежа Редит се обиде да објасни како се пресметува процентот на врнежи што го гледаме секој ден во апликациите и предизвика голема збунетост и полемика. Но, еве за што конкретно станува збор.
Процентот за дожд во апликациите за временска прогноза најчесто означува веројатноста дека ќе наврне дожд во одредена локација и временски период. На пример: 30% дожд значи дека има 30% шанса да падне дожд на локацијата на која сте во предвидениот период (на пр., во следните 12 часа).
Важно е да се знае дека тоа не значи дека 30% од површината ќе биде под дожд, туку дека има 30% статистичка веројатност за дожд на таа локација. Во метеорологијата, ова се нарекува PoP (Probability of Precipitation) и обично зависи од два фактори: Веројатноста дека дожд навистина ќе се случи и Покриеноста на дождот во одреден регион.
Оваа логика се базира на класични методи на метеорологија, но важно е да се нагласи дека денешните апликации користат вештачка интелигенција (ВИ) и машинско учење, па затоа прогнозите се сè поточни и ја „погодуваат“ точната локација на корисникот.