Во нашите соништа често се појавуваат нашите сакани кои починале. Честопати тоа е затоа што многу ни недостасуваат, но понекогаш тие соништа носат многу подлабока порака.
Дали некогаш на сон ви дошол некој близок кој неодамна починал? Дали сте се запрашале што значи тоа?
Психичката Лори Мур верува дека кога во сон ќе ве посети некој што починал, тие сакаат да ви испратат порака.
Тие се обидуваат да кажат дека се е во ред
Мур вели дека често нашите заминати не доаѓаат додека не го завршите процесот на тагување за да може нивната порака да стигне до вас.
Ако ги видите на сон како доаѓаат кај вас, тоа значи дека се добро и стигнале до „другата страна“.
Ќе ве посетат за да ве известат дека се таму – без разлика дали тоа е преку мирис или трепкачко светло или одредена песна на радио.
Тие се обидуваат да ви дадат до знаење дека секогаш ќе бидат тука да ве поддржат во сè
Можете да ги видите вашите најблиски во сон кога се соочувате со тешка животна одлука, што е начин тие да ви кажат дека ве поддржуваат.
Сакаат да ви кажат дека ве сакаат
Тие само сакаат да знаете дека ве сакаат и дека ве чуваат.
Можеби ве предупредуваат
Ако сакаат да ве предупредат за нешто, ќе се појават на поинаков начин од вообичаено. Во сон ќе изгледа чудно или неприродно, а ова се знаци кои не смеете да ги игнорирате.
Понекогаш не кажуваат ни збор
Можеби не зборуваат во сон, но телепатски пренесуваат пораки. Тие може само да се насмевнат и да си заминат кажувајќи ви дека се грижат за вас.
Не сте сами – овие соништа се вообичаени и нормални
Овие соништа му се случуваат на секој што имал некој што неодамна починал.