Најчесто на бананите, но често и на другите парчиња овошје, налепниците на кората се нешто што повеќето луѓе не го гледаат, туку инстинктивно го вадат пред јадење. Дури и да ги забележите, ретко кој знае што значат овие декларации.
Покрај можното име на производителот, декларацијата треба да содржи и број кој открива важни информации за начинот на одгледување на овошјето.
Декларациите првенствено се однесуваат на овошје увезено од странство, а ова е значењето на тие бројки:
Налепница со четири броја
Во случајот со ова овошје, кое има декларација со четири броеви кои започнуваат со бројот 3 или 4, тоа значи дека се одгледувало со вештачки ѓубрива, односно според земјоделските правила кои важат последните 50 години. . Таквите лимони се на пример означени со 4033, додека бананите се нумерирани со 4011.
Налепница со пет броеви
Ако на овошјето нема четири броја, туку пет – од кои првиот број е 9, тоа значи дека плодот е органски одгледан. Ваквата декларација гарантира дека плодот се одгледувал без ѓубрива и пестициди. На пример, органски одгледаните банани го носат бројот 94011.
Првиот број на декларацијата е 8
Ова е можеби најважната декларација и претставува овошје кое е генетски модифицирано, а се препознава по пет бројки, од кои првиот е секогаш бројот 8. Ваквите банани го имаат бројот 84011 на себе.
Еко декларација
За да може овошјето и зеленчукот да ја носат ознаката „еко“, мора да се исполнат и условите поврзани со процедурите за складирање и транспорт. Така, за разлика од конвенционално одгледуваното овошје и зеленчук, тие не смеат да се прскаат со хемикалии, да се озрачуваат или да се подложени на какви било процеси кои вештачки го продолжуваат нивниот рок на траење и го одржуваат изгледот на свежината.
Разликата помеѓу „природно“ и „еко“
Постои разлика помеѓу еколошки и природни производи. Многу луѓе, сепак, не знаат дека се природни ако се необработени или само минимално обработени. Тие, за разлика од еколошките, немаат сертификати, ниту систематски се контролира нивното производство, а нема податоци ниту за употреба на конзерванси.