Што всушност се случува кога имаме „дежа ву“?

Сподели со своите пријатели

„Дежа ву“ во превод од француски би значело веќе видено, а тоа е збор кој го опишува феноменот на силно чувство дека некаде во минатото сме го доживеале она што ни се случува во моментот.

Loading...

Научниците со векови се обидуваат да објаснат што го предизвикува оваа чувство, а изгледа дека веќе дошле до конечниот одговор.

Тим истражувачи од универзитетот „Сент Ендруз“ успеал да го активира оваа чувство во лабараториски услови и направиле нешто спонтано да стане предвидливо. Тоа им тргнало од рака така што го измениле трикот во кој невролозите всадиле лажни сеќавања во човековиот ум. Трикот вклучува рецитирање на листи поврзани зборови како што се кревет, ноќ и сон зад кои се изоставува онаа најважна која ги поврзува, сонот.

Од учесниците потоа се барало да ги повторат зборовите и многу често се случувало самите да тврдат дека и зборот сон го слушнале меѓу нив.

Во првиот дел од експериментот кога на учесниците им биле зборувани некои зборови, истражувачите ги прашале дали  слушнале збор кој почнува на буквата „с“, а бидејќи не слушнале одговорот бил негативен.

Подоцна кога од нив било побарано да се пристетат на зборовите од листата знаеле дека не слушнале буква „с“, но во исто време лажното сеќавање на сонот им било всадено, па со тоа и зборот им станал познат.

Со оваа техника научниците следеле што се случува во мозокот на учесниците. Иако техниката вллучувале вежбање на меморијата, а учесниците добивале лажно сеќавање, делови од мозокот кои биле поврзани со сеќавањата не покажале активност за време на скенирањето. Активиран бил предниот дел од мозокот кој е поврзан со донесување одлуки што научниците не ги очекувале.

– Овие резултати укаживаат на тоа дека во мозокот доаѓа до решавање на одреден конфликт секој пат кога ќе доживееме некој „дежа ву“ ефект, вели Стефан Кулер, од Универзитетот Западен Онтарио, кој не бил вклучен во оваа истражување.

Loading...

Истражувањето било спроведено на мал број на луѓе, па затоа се чека и мислење од останатите експерти.

Без оглед на се, во прашање е прилично интегриран почеток кој не води кон друг пат од досегашното мислење дека „дежа ву“ ефектот е поврзан со есктремно силни лажни сеќавања.

Од друга страна, оваа чувство може да биде и позитивна работа затоа што сигнализира дека способноста на мозокот  сеќавања во совршен ред за да провери дека нашите сеќавања се во совршена состојба, но и прилично незгоден момент во кој некој може да биде параноичен.

Leave a Reply