Во центарот Вагнер во Санкт Петербург, чиј сопственик е Евгениј Пригожин, познат како „готвачот на Путин“ и човекот за „највалканите работни места“, имајќи предвид дека тој раководи со паравоената единица Вагнер, чии членови меѓу другото се борат во Украина, вчера се одржа „час во Кремљ“ за деца, пренесе NEXTA.
На тинејџерите им беше зборувано за важноста на војната, за идејата за уништување на руските деца, која „проникнува во мозокот на целото раководство на ЕУ, САД и нивните слуги“.
In the St.Petersburg “Wagner PMC Center” children are brainwashed by Kremlin propaganda
The teenagers were told about the importance of war,the idea of the destruction of Russian children, which “permeates the brain of the entire leadership of the EU,the U.S. and their minions.” pic.twitter.com/WPnTnuAFeR
— NEXTA (@nexta_tv) November 8, 2022
Се зборуваше дека ова „без војна“ се раѓа од непознавање на историјата.
„Сите сме за крајот на војната. Затоа, на 24 февруари започна воена специјална операција“, им кажува наставничката на децата на видеото.
Да потсетиме, на почетокот на месецот во Санкт Петербург, во близина на метро станицата Новочеркаска, беше отворен Вагнер центарот.
Video and photos of the Wagner PMC Center on it’s opening today. 3/https://t.co/Yv6iPT1FnG pic.twitter.com/eZU48HJFTo
— Rob Lee (@RALee85) November 4, 2022
„Центарот ПМЦ Вагнер е комплексна зграда со простори за пронаоѓачи, програмери, ИТ експерти, експериментални производители и разни стартапи, сето тоа бесплатно“, се вели во соопштението на Пригожин.
Неговата визија за мисијата на Центарот е „да создаде удобно опкружување за генерирање на нови идеи кои би го подобриле одбранбениот капацитет на Русија, вклучително и ИТ“.