Што сними леталото на НАСА на Јупитер? (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

„Џуно“, леталото на НАСА сними неверојатна глетка од Јупитер, при блиската средба со овој гасен џин на 11 септември.

Loading...

На фотографијата е прикажана огромна, црна дупка во горната хемисфера на најголемата планета во Сончевиот систем, но научниците велат дека нема причина за загриженост.

Имено, оваа „црна дупка“ е всушност сенката на природниот сателит на Јупитер Ио, еден од четирите најголеми сателити во орбитата на планетата.

Ио е најблизу до Јупитер, а следуваат Европа, Калисто и Ганимед.

„Џуно“ снимил од орбитата додека Месечината била меѓу планета и сонцето.

Ова беше, всушност, лунарно еклипса на Јупитер, снименаод орбитата. Според британскиот „Експрес“, фотографијата е направена од програмерот Кевин Гил.

„Џуно“ беше лансиран во вселената на 5 август 2011 година, а стигна до Јупитер во јули 2016 година.

Ова е второ леталот кое стигнало до гасниот џин, по „Галилео“ во 1995-2003 година.

Loading...

Кога ќе заврши мисијата „Џуно“, НАСА контролирано ќе го слета леталото на Јупитер, за да согори во неговата атмосфера.

Leave a Reply