Што симболизира ѕвездата на врвот од новогодишната елка?

Сподели со своите пријатели

Постојат неколку теории за тоа како украсувањето на новогодишните елки станало популарно низ целиот свет.

Loading...

Во етнолошките записи, овој обичај се смета за пагански, а зимзелените дрвја не потсетуваат дека ќе помине зимата и пролетта ќе се појави повторно.

Се верува дека Германците ја донеле елката и на Американците и на Канаѓаните во 19 век.

Русите, сепак, чуваат легенда што ја крие главната причина за украсување на елката во руската традиција.

Кога Исус Христос се родил во пештера во Назарет, небото се отворило и целиот свет замолкнал да го дочека раѓањето на Спасителот. Една единствена, светла sвезда на небото водела тројца мудреци од истокот сè до Богородица и нејзиниот син кои ќе го спасат човештвото.

Мудреците му се поклониле на идниот Спасител и му ги донеле своите дарови. После тоа, пристигнале пастирите, па и тие се поклониле, нудејќи им ги своите дарови.

 

Loading...

 

Над пештерата израснале три дрвја – бор, кедар и ела.

Знаејќи колку е важен моментот во кој присуствуваат, дрвјата сакале да му дадат нешто на новородениот Исус и да се приклучат на прославата на целиот свет.

Кедрот потоа ги затресол гранките и иглите паднале пред пештерата, исполнувајќи го целото место со прекрасен мирис.

Боровото дрво ги протресло гранките и паднале на земјата најубавите шишарки, кои можеле да бидат запалени и со тоа да се загреат малиот Исус и неговата мајка.

 

 

Loading...

Елката тогаш горко плачела. Таа немала ниту миризливи игли, ниту топли шишарки за да донира. Таа навистина немала ништо што вреди да се подари и затоа била ужасно тажна.

Солзите на елата ги видела сјајната ѕвезда на небото. Таа била многу трогната од искрената тага на ова скромно дрво што нема што да му даде на малиот Исус, па испратила мала sвезда да се спушти на самиот врв на елката.

 

 

Тогаш елката блеснала со sвездена светлина осветлувајќи ја целата област и, поклонувајќи се, ја спуштила ѕвездата пред пештерата за целиот свет да види дека таму лежи идниот спасител на човештвото.

Во чест на оваа стара руска легенда, новогодишните елки и денес се украсуваат во руските цркви. Се верува дека sвездата што традиционално е поставена на врвот на елката ја претставува Витлеемската Sвезда, која ги водела тројцата мудреци кон шталата каде што се родил Исус Христос.

Подароците што се ставаат под елката, исто така потсетуваат на раѓањето на Хирстос, бидејќи тоа е најголемиот подарок што им се дава на луѓето.

Loading...