Општо е познато дека константното лакирање на ноктите може да ги исуши и да ја промени нивната боја. Меѓутоа, овој козметички производ може да има и многу посериозни последици по здравјето.
Лакот за нокти не мора да го избегнувате целосно, само треба да обрнете внимание на неговите состојки кои можат да се најдат и во вашиот организам.
Научниците вршеле истражување на група жени кои ги лакирале ноктите. По 10 часа нивото на штетните состојки од лакот кој се наоѓал во нивниот организам бил за 7 пати поголем од нормалното. Резултатот бил изненадувачки.
Што е толку опасно по вашето здравје, а се наоѓа во лаковите за нокти?
Тоулен – безбоен гас. Доколку патите од алергија во контант со формалдехид постои можност од појава на дерматитис. Исто така може да дојде и до појава на хемиски исзгореници, а во некои случаи и пореметување на срцевиот ритам.
Формалдехид – безбоен гас. Доколку патите од алергија во контакт со формалдехид постои можност од појава на дерматитис. Исто така може да дојде до појава на хемиски изгореници, а во некои случаи и пореметување на срцевиот ритам.
Дибутил фталат – се користи како мирис. Присуството на оваа опасна компонента може да предизвика ендокрини пореметувања, како и болести на респираторниот тракт.
За да изберете лак за нокти кој нема да има штетни последици врз вашето здравје, пред купување лак посебно обрнете внимание на состојките кои се наоѓаат на амбалажата кои обично се напишани со ситни букви.
Loading...