Што се случува со нашето тело 30 секунди пред смртта?

Сподели со своите пријатели

Смртта е неизбежна и затоа се трудиме да не размислуваме за неа. Но, дали знаеме што се случува непосредно пред човек да умре и дали тој момент може да се препознае?

Овој феномен се јавува во време кога едно лице не може да голта. Човек кој е блиску до смртта ќе дише поинаку, а тој уникатен звук е дел од тој феномен, вели др. Даниел Марел, од Американскиот универзитет во Алабама.

Иако звукот е страшен, лекарите уверуваат дека личноста не чувствува никаква болка. Во такви случаи, медицинскиот персонал може да му помогне и да ја ублажи болката на пациентот со тоа што ќе го сврти на страна за да му ги исчисти дишните патишта.

Други знаци кои укажуваат на брза смрт се: збунетост, често прозевање за да се добие повеќе кислород, губење на свеста и релапс, инконтиненција, промена на мирисот на телото, анксиозност, темни модринки, лупење на кожата.

 

 

Минатата година неврологот Др. Камерон Шо откри што се случува 30 секунди пред некој да умре. Тој вели дека во првите 10 до 20 секунди го губиме чувството за себе, ја губиме смислата за хумор, способноста за размислување.

Тој тврди дека навистина има светлина на крајот од тунелот, но тоа не мора да значи дека има живот после смртта, пренесуваат медиумите. „Знаеме дека овој феномен се јавува во време кога мозокот повеќе не прима кислород“, нагласи тој.

Во тој момент човекот навистина ќе размисли за својот живот и некои спомени и ќе му се чини како животот да му лета пред очи. И не се реални сите искуства надвор од телото, тоа е само трик на нашиот мозок, истакнува д-р Шо.