Во последните недели, Израел бележи рекорден број на пациенти од почетокот на пандемијата. Иако со навлегувањето на делта соја има многу случаи меѓу вакцинираните, ковид-19 останува пандемија само за невакцинираните во Израел, според Хаарец.
Во оваа земја, има само 17 проценти од населението кое не примило ниту една доза од вакцината, и тие земаат удел од 65 проценти меѓу сериозно болните.
Според податоците на Министерството за здравство, уделот на невакцинирани лица меѓу тешко болните постојано се зголемува.
Податоците од 13 септември покажуваат дека од 664 сериозно болни пациенти, 437 не примиле никаква доза од вакцината, а 168 ги примиле двете дози. Бројот на сериозно болни луѓе кои примале зголемена доза е 59. Соодносот е ист кога станува збор за нови пациенти.
За секој сериозно болен човек над 60-годишна возраст кој примал зголемена доза, има 33 случаи на невакцинирани лица од иста возрасна група.
Ова е значително зголемување на бројките во споредба со податоците објавени на 25 август, кога надлежното министерство објави дека од 7,3 милиони Израелци на возраст над 12 години, само 20 проценти не примиле вакцина и имаат удел од 50 проценти меѓу тешко болните.
Извештаите на официјалните лица, објавени претходно оваа недела, ја опишуваат ситуацијата како „зголемување на бројот на сериозно болни млади, невакцинирани луѓе, заедно со пад на општиот морбидитет“.
– Има се повеќе потврдени нови пациенти, меѓу кои има сериозни случаи без вакцинирање, особено кај помлади од 60 години. До денес, повеќето пациенти кои се во сериозна состојба не ја примиле вакцината, иако бројот на невакцинирани во целата земја е мал – се наведува во соопштението.
И покрај напорите на владата, се проценува дека околу 1.080.000 Израелци не примиле ниту една доза од вакцината до крајот на август.
После тоа, повторно почнаа да се формираат редици пред точките за вакцинација, а илјадници граѓани дојдоа да ја примат првата доза. Така, процентот на оние кои не примиле ниту една доза од вакцината се намали на 17% за кратко време.
До 13 септември, 6.048.066 луѓе во Израел примиле барем една доза. Тој број беше 5.934.627 на 25 август.
– Околу 600.000 луѓе ја примија првата доза на вакцината во последните три месеци, што е напредок – изјави професорот Еран Сегал, кој е советник во Министерството за здравство.
Како што посочи, има околу 850.000 луѓе, постари од 12 години, кои се уште не примиле никаква доза.
– Целта е да ги убедиме луѓето да се вакцинираат. Фактот дека уште 600.000 луѓе ја примиле вакцината за три месеци покажува дека оваа цел е постигната. Повеќето од нив не се анти -ваксери, туку едноставно го одложуваат примањето на вакцината – посочува професорот.
Податоците од Министерството за здравство покажуваат дека повеќето од невакцинираните се припадници на малцинствата и граѓани кои имаат низок животен стандард.
Кон крајот на август, министерството рече дека од повеќе од милион луѓе што ги исполнуваат условите за вакцина, кои сѐ уште не примиле доза во тоа време, 16 проценти припаѓаат на ултра-православната заедница и 31 проценти на израелските Арапи.
Јазот помеѓу вакцинирани и невакцинирани е уште поголем кога се пресметува по глава на жител: За секоја смрт на Израелците над 60-годишна возраст кои примале бустер доза, биле регистрирани приближно 15 смртни случаи на невакцинирани Израелци во иста возрасна група.
Службениците уште еднаш забележуваат дека, иако новиот вид донекаде ја намали ефикасноста на вакцината, вакцината сепак обезбедува значителна заштита и го спречува развојот на потешки симптоми, додека засилувачката доза исто така ја намалува можноста за пренос.

