Рејчел Флом ги насмеа корисниците на Инстаграм со смешно видео кое покажува што се случува кога татковците ќе останат сами со своите деца.
Нејзиниот сопруг Џордан и неговиот пријател рекле дека ќе одат на прошетка со пет мали деца во нивните колички, но она што се случило било сосема поинаку.
Имено, овие татковци дошле до идеја како да бидат надвор со своите деца и да се забавуваат по пат.
Направиле импровизирано игралиште на патеката и решиле да ги туркаат количките, се со цел да видат која ќе оди најдалеку, односно кој од нив ќе победи.
Од објавувањето видеото е прегледано 19 милиони пати и стана вирално, а многумина во коментарите се шегуваа и пишуваа дека ова е најнормалното однесување за татковците.
View this post on Instagram