Што се случува кога петарда ќе ви остане во рака? Детален преглед на два вида на тешки повреди кои се случуваат (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Иако ветиле дека никогаш нема да се занимаваат со темата пиротехника, Дарко и неговиот тим од Јутјуб каналот „DumDum“, покрај темите за огнено оружје и воздушно оружје, неколку години се занимаваа и со темата за опасност од петарди.

Имајќи предвид дека во пресрет на новогодишните и божиќните празници се случуваат разни несреќи поради пиротехнички средства, темата која никогаш не застарува се наметна со цел да се подигне свеста кај љубителите на петарди и да се намали бројот на несреќи.

Дарко до пред неколку години за ова видео одбираше неколку видови и големини на петарди, со кои се обидувал  да претстави два вида можни повреди кои најчесто се случуваат и кај малолетниците.