Девојчето било силувано кога имало само 10 години – нејзиното семејство не знаело, а социјалната служба брзо започнала да го испитува случајот.
„Тоа беше голем шок“, изјави член на семејството за магазинот „Сан“.
„Таа сега доби стручна помош. Главната работа е дека таа и бебето се добро.”
Најмладата мајка на светот, некогаш забележан случај, беше Лина Медина, девојка од Перу, која роди дете кога имала 5 години, а тоа се случило во 1939 година.
Медина, која сега има 87 години, имала состојба наречена „предвремен пубертет“. Секоја возраст под осум години се смета за „предвремен пубертет“.
Идентитетот на таткото никогаш не бил откриен. Нејзиниот татко бил уапсен под сомнение за инцест, но на крајот бил ослободен поради недостаток на докази.
Во Велика Британија, малолетни парови на слична возраст под 16 години – што е законска возраст за согласност – веројатно нема да бидат гонети доколку имаат сексуален однос. Но, сите сексуални активности со деца на возраст под 13 години се нелегални.
Што ги прави некои случаи на најмладите родители уште пошокантни.
Деца кои имале деца
Веројатно најозлогласената приказна беше приказната за 13-годишен татко.
Дејвид Камерон дури го коментираше случајот со Алфи Патен од 2009 година, кога се веруваше дека тој станал татко пред да остаре доволно за да може легално да купува цигари и алкохол.
Алфи мислел дека неговата петнаесетгодишна девојка забременила кога имал само 12 години откако имале сексуален однос. Но, ДНК-тестот шест недели по раѓањето на бебето Мејси докажал дека тој всушност не е татко.
„Бев уништен”, изјави Алфи за британските медиуми во 2014 година.
„Тоа беше премногу за мене. Плачев со денови и едвај ја напуштав просторијата. Да бидат работите уште полоши, никогаш повеќе не го видов Мејси (детето), бидејќи Шантал (неговата девојка) се оддалечи со своето семејство веднаш штом дозна дека не сум татко“.
„Не можев да се соочам со ништо. Не можев да одам на училиште. Мислев дека мојот свет е завршен”.
До 2019 година, Алфи бил невработен, се борел против алкохолизам… Тој бил осуден за кривична штета откако скршил автомобил, додека веќе бил на условна казна за кражба и поседување лажно оружје.
Во март годинава, тој и неговата мајка биле иселени од куќата во која живееле поради наводна трговија со дрога, пренесува Дејли меил.
Најмладиот татко во Велика Британија
Пред случајот со Алфи, Шон Стјуарт бил најмладиот британски татко во 1998 година. Имал само 11 години кога неговата девојка и сосетка Ема Вебстер останала бремена.
Шон добил слободен ден кога се родил неговиот син Бен Луис еден месец по дванаесеттиот роденден.
Шон и Ема биле соседи кога почнале да имаат секс.
„Тој рече дека има 12 години, никогаш немаше да излезам со него ако знаев дека има само 11 години“, рекла Ема тогаш.
Во следните години, Ема се омажила за друга личност. Додека Шон продолжил да го посетува своето локално училиште некое време, тој се иселил од тоа место во раните тинејџерски години.
Кон крајот на 2000-тите, тој бил затворен седум месеци откако бил обвинет за кражба, пренесува Дејли Меил.
„Не знам каде е Шон ниту што прави“, рече тогаш Ема. „Не сакам повеќе да зборувам за тоа, затоа што мислам дека тоа не му помага на Бен.
Преплавени од љубов
Кетлин Мос имала само 12 години кога добила ќерка. Бебето Џорџија е родено во 1998 година, откако Кетлин за време на одмор имала секс со 14-годишен семеен пријател.
Младата мајка тогаш рекла дека тоа се случило затоа што им било „досадно“, пишува „Дејли меил“.
„Не сфатив дека сум бремена дури по околу четири или пет месеци кога мојот стомак почна да расте, бидејќи сè уште имав менструација“, додава Кетлин.
„Бев преплашена и само го негирав тоа. Мислев дека ако го игнорирам, тоа едноставно ќе исчезне”.
Носела широка облека за да го скрие стомакот, но на крајот, сомнежите на нејзиното семејство се зголемиле. Тест за бременоста потврдил дека Кетлин е бремена, а во јуни 1998 година се родила Џорџија.
„Жал ми е што останав бремена толку млада, но како би можела да жалам што ја имав Џорџија? Рекла таа.
„Не можам да замислам живот без неа. Иако имав само 12 години, штом ја ставив во раце, се чувствував презаситена од љубовта кон неа”.
Од тој момент, Кетлин не сакала да се експонира повеќе и нема никакви вести за неа.
Без свест до раѓање
Една млада мајка дури не сфатила дека е бремена сè додека не се породича.
Шарлот Медок имала само 13 години кога породувањето го припишала на обични болки во стомакот откако останала бремена со петнаесетгодишно момче.
Зголемувањето на телесната тежина таа го припишувала на прејадување, а нејзините родители не забележале ништо. Во 2006 година, таа се породила и дури тогаш била свесна дека ќе стане мајка.
„Постојано размислував – ова не може да биде вистина, ова е само грд сон“, призна Шарлот.
Шарлот исто така останала далеку од очите на јавноста уште од породувањето.