Што се случи со големиот руски конвој? Беше блиску до Киев, а потоа само застана!

Сподели со своите пријатели

Руските сили во Украина продолжуваат да се соочуваат со логистички проблеми, вклучително и недостиг на храна и гориво, а конвојот виден на пат кон Киев се чини дека „значително не се доближил“ до главниот град на Украина во изминатите два дена, изјави неименуван претставник на американската одбрана. во Пентагон.

Loading...

– Во многу случаи, она што го гледаме се колони во кои буквално имаше недостиг од бензин, а како што реков претходно, сега останува без храна за нивните војници – рече тој.

Украинската армија пружи силен отпор северно од Киев, додаде официјалниот претставник, додавајќи дека спорадично се евидентирани обиди за гранатирање на конвојот.

Според „Њујорк тајмс“, функционерот инсистирал на анонимност бидејќи не е овластен да зборува јавно.

Тој додаде дека руското воено раководство станало многу поагресивно во гаѓањето на цивилната инфраструктура, вклучително и ракетниот напад врз телевизиската кула во Киев во понеделникот, во кој загинаа неколку луѓе.

Големиот конвој запре на околу 28 километри северно од Киев и вклучува тенкови, оклопни возила, артилерија и залихи, според извештајот на НПР од вторникот.

 

Loading...

 

Американската војска верува дека украинската војска продолжува да пружа отпор и дека руските сили кои ги нападнаа Чернигов, Харков и Киев не постигнале значителен напредок од вторникот, нагласи функционерот.

Меѓутоа, руските трупи во јужна Украина успеаја да напредуваат кон Херсон, за кој се верува дека сега е во руски раце.

Американски официјален претставник рече дека Пентагон видел индиции дека руските трупи кои доаѓаат од Доњецк, регион кој го држат сепаратистите во источна Украина, би можеле да се обидат да го опколат пристанишниот град Мариупол на Азовското Море.

„Од средата наутро, руските сили истрелаа повеќе од 450 проектили – комбинација од балистички ракети со краток и среден дострел, крстаречки ракети и ракети земја-воздух – врз цели во Украина“, рече претставникот.

Покрај проблемите на Русија во снабдувањето со храна и гориво за нејзините сили во Украина, официјалниот претставник рече дека руските воени лидери не биле во можност да координираат различни елементи како што се пешадија, оклоп, артилерија и блиска воздушна поддршка.