Со наслов „Барање“ и кратка заканувачка порака за експлозија, попладнево пристигнал мејл на осум основни училишта во Куманово.
За разлика од заканата пред две недели кога пристигна мејл со вознемирувачка содржина и закани до премиерот и неговата партија, денеска пораката е кратка.
– Ќе почуствувате силна експлозија за неколку минути. Доста беше – стои во мејл пораката до која увид имаше Кумановски Муабети.
Мејл адресата од која е испратена пораката е [email protected] на име Овен Масиноски.
Минатите закани пристигнаа од мејл потпишан како Антонио В.
Засега нема информации од Министерството за внатрешни работи до каде е истрагата за заканите од пред две недели, а во меѓувреме веќе пристигнаа нови.
Досега во неколку наврати за дел од заканите во другите градови се поднесени кривични пријави против малолетници кои ќе се теретат за сторено кривично дело „тероризам“.
Никола Ивановски