Android 11 Beta е официјално достапен, и еве ги сите иновации што не очекуваат.
Засега, Бета верзијата може да ја инсталираат само корисниците на телефоните Pixel и Pixel 2, но треба да очекуваме се повеќе уреди да бидат вклучени во тестот.
Here’s our deep look at the Android 11 beta, including the new conversations section, bubbles, and much more https://t.co/qqHAGTJ5jk pic.twitter.com/mHLgQEXdnt
— The Verge (@verge) June 11, 2020
Клучни карактеристики на Android 11 Бета
* Разговори
Во известувања има секција „Coversations“. Сместена е веднаш под категоријата Quick Settings и добро е што известувањата од апликациите за разговори веќе нема да се мешаат со другите, создавајќи забуна.
* Приоритетни разговори
Можете да означите одредени разговори како „приоритетни“. Ова значи дека аватарот на една личност ќе биде на вашиот екран дури и кога е заклучен, а исто така можете да дозволите приоритетните разговори да се пробијат и преку бариерата „Do not disturb“.
🗣💬 La versión beta de Android 11 se enfoca en las personas para hacer la comunicación más fácil.
Podrás ver, responder y administrar las conversaciones en un solo lugar, además de disfrutar de nuevas características como Bubbles → https://t.co/8DY81koeWl pic.twitter.com/4YL9GJPNEl
— Google Colombia (@GoogleColombia) June 10, 2020
* Bubbles
Можете да поставите „Bubbles“ на која било апликација за допишување. Да, така е – тие изгледаат како на апликацијата Messenger, само што сега важат и за сите останати.
* Do not disturb
Овој режим не е нов, но Андроид 11 го олеснува подесувањето на апликации и луѓе од кои добивате известувања кога е вклучен.
* Мултимедијални контроли
Поместени се таму пред Quick Settings (кога ќе го повлечете екранот надолу).
Android 11 Beta 1 brings media controls to Quick Settings, plus a cool new 'output picker' https://t.co/118yhZr3b8 pic.twitter.com/KpRD9JBKsE
— Android Police (@AndroidPolice) June 10, 2020
* Screenshot
Сега „Screenshot“ ќе се појавуваат во долниот лев агол, како кај iPhone уредите.
* Вградено снимање на екранот
Ова конечно треба да стане официјална опција за Android.
https://twitter.com/cesartorresca/status/1270791828502188033?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1270791828502188033&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Ftehnopolis%2Fsoftver.php%3Fyyyy%3D2020%26mm%3D06%26nav_id%3D1694070
* Recent Menu
Кога ќе ги погледнете неодамна отворените прозорци, ќе можете директно од таму да земате и споделувате Screenshot или да изберете текст што ќе го копирате.
* Дозвола за локација
Ќе биде достапна нова еднократна опција за дозвола за локација.
* Дозволи за апликација
Ако не ја користите апликацијата некое време, дозволите што сте ги дале на истата автоматски се ресетираат.
* Power Menu
Ќе послужи како еден вид „дигитален паричник“, каде можете да ја контролирате батеријата на телефонот, но и Google Pay картичките и паметните уреди дома.
https://twitter.com/oli_v_er1/status/1270966416536154112?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1270966416536154112&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Ftehnopolis%2Fsoftver.php%3Fyyyy%3D2020%26mm%3D06%26nav_id%3D1694070