Што носи хороскопот за 2023 година во светот?

Сподели со своите пријатели

Татјана Боршч, познат руски астролог, ја објави книгата „Целосен хороскоп за 2023 година“. Таа објасни како светот ќе се промени следната година на сите полиња.

Loading...

Кога ќе заврши војната во Украина?

Таа вели дека првата половина од 2023 година ја гледа како природно продолжение на многу сложениот период кој започна во 2022 година.

Во Украина ќе продолжи конфронтацијата меѓу Истокот и Западот, како и ривалството меѓу Соединетите Американски Држави и Кина, заедно со финансиската и економската криза, која, според Боршч, ќе го „освои целиот свет“ во 2023 година.

Ѕвездите предвидуваат дека војната во Украина би можела да заврши во јануари или февруари 2023 година.

Кој ќе победи?

Севкупно, и покрај храбрите воени и политички напори на Украина и поддршката од Западот, Русија ќе победи, воено, геополитички и идеолошки. (Ова треба да се земе со резерва бидејќи самата Боршч е Русинка).

Но и за Русија не доаѓа „добар период“: рускиот астролог предвидува големи промени во структурите на моќта во есента 2022 година и во првата половина на 2023 година.

Економска криза

Според предвидувањата на Боршч, следната година во светската економија ќе доминираат Азија и Русија.

Овогодинешните настани се само уште еден чекор во транзицијата бидејќи глобалното влијание се поместува кон исток, смета таа:

Loading...

– Тензиите меѓу Соединетите Американски Држави и азиските земји само ќе продолжат да се зголемуваат.

На крајот на 2022 година и почетокот на 2023 година, економиите на многу земји ќе паднат во хаос, а општата финансиска криза ќе ги погоди банките, компаниите и целото население на планетата, јасна е Боршч.

(политичка) Криза

Најлошата економска криза ќе се случи во Соединетите Американски Држави.

Есента 2022 година и првата половина на 2023 година ќе бидат најлошиот период со кој се соочи оваа земја во последно време.

Може да има сериозни конфронтации меѓу политичките партии кои може да го исфрлат од рамнотежа целото општество.

А од разни политички конфликти нема да биде поштедена ниту Европа…

Нема добри предвидувања…

Со сето ова, овој астролог предвидува сериозни терористички напади во втората половина на мај.

Таа опишува дека Уран ќе биде во знакот на Бик, на исто ниво како за време на Втората светска војна:

Loading...

– Ова навестува раскинување со старите структури, што може да предизвика војна, смрт и политички и економски конфликти.

Што е со парите?

Боршч предвидува и криза во глобалниот банкарски систем, која најверојатно ќе се случи во ноември и декември 2022 година.

– Мислам дека би било попаметно да ги вложите вашите пари во нешто опипливо, како што се недвижен имот, земја или злато. Сè е подобро од тоа да го има во банкарскиот систем или едноставно на хартија.

Што е со коронавирусот?

Од медицинска гледна точка, секој со проблеми со тироидната жлезда, кардиоваскуларни болести или било која болест на цереброваскуларниот систем треба да биде особено внимателен.

Исто така, нема да биде лесна година за оние со разни видови дијабетес или проблеми со стапалата.

Можни се нови епидемии на непознати болести и вируси во пролетта и есента 2023 година, објаснува астрологот.

Можни се бројни пожари

Во 2023 година, различните природни аномалии со кои се соочува светот оваа година може да продолжат.

Боршч предвидува пожари од големи размери кои ќе бидат дестабилизирачки фактор во зимата и пролетта 2023 година.

Loading...

Сите погоре наведени предвидувања земете ги со поголема доза на резерва.