Многу производи кои не нашле пат до пазарот денеска може да се видат во рамките на поставките во „Музејот на промашувања“ во шведскиот град Хелсинборг.
Купувачите очигледно не биле воодушевени од зелениот кечап на „Хајнц“, замрзнатите лазањи марка „Колгејт“, но и кока колата со укус на кафе.

Поради тоа овие предмети заедно со многу други ќе се најдат во Музејот на промашувањата кој го осмислил кустосот и клинички присохолог Самјуел Вест, пренесува „АП“.
Знаеме дека од 80 до 90 проценти од иновативните производи не успеваат и никогаш не слушнете за нив, не го видите производот, а луѓето не зборуваат за тоа. Ако постои нешто што можеме да направиме со тоа е да излечеме поука од овие промашувања – објаснува Вест.
Многу предмети во музејот покажуваат обиди на компаниите да го диверсификуваат својот бренд. Еден од таквите примери е „Харли Дејвидсон“, познат произведувач на мотоцикли кои во средината на деведесетите години лансирале тоалетна вода за мажи која ќе се најде на изложбата на неуспешните производи.
Мажите го мразеа. Тие правеа и и божиќни украси, кукли, разни работи со логото на „Харли Девјидсон“ и со тоа го тривијализираа тој бренд – наведува Вест.

На изложбата ќе се најде и социјалната игра на Доналд Трамп под името „Се братив, а ти си отпуштен“ од деведесетите години. Во оваа игра, своевидна копија на Монополот, играчите користат големи фигури означени со буквата Т и долари со ликот на Трамп за купување на некретнините на сегаѓниот американски претседател.

Ќе бидат прикажаи и високотехнолошки производи како очилата на „Гугл“ кои, како што велат организаторите, се напревени пред своето време, што е случај и со некои други технички инфовации.

