Што ќе добие Украина од САД по посетата на Зеленски?

Сподели со своите пријатели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е во прва официјална посета на Соединетите Американски Држави од почетокот на руската инвазија.

Loading...

Официјален Вашингтон ги потврди медиумските извештаи кои ја најавуваат посетата.

Украинскиот претседател во Белата куќа ќе биде примен од американскиот претседател Џозеф Бајден, по што Зеленски ќе зборува во Конгресот.

За време на средбата со Зеленски, Бајден се очекува да соопшти дека Соединетите Американски Држави ќе ѝ го достават на Украина ракетниот систем за противвоздушна одбрана Патриот.

Зеленски на Твитер потврди дека патува за САД: „Отлетав во САД за да ја зајакнам стабилноста и одбранбената способност на Украина“.

Прво патување во странство од почетокот на војната

Од почетокот на војната на 24 февруари, Зеленски не ја напуштил земјата. На светската политичка сцена, на пример на самитот на Г7 во замокот Елмау во Баварија, тој настапи преку дигитален пренос на слики од Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лавров: Москва ќе ги брани своите интереси на Арктикот

Тој неколку пати патувал во борбената зона, за разлика од рускиот претседател Путин, кој никогаш досега не го посетил фронтот.

Според податоците од Белата куќа, Бајден и Зеленски најпрво телефонски разговарале за можна посета кон средината на декември, а потоа следел официјален повик од Вашингтон.

Loading...

Зеленски ќе има многу состаноци во Вашингтон. Двајцата претседатели најавија заедничка прес-конференција.

Вечерта Зеленски ќе зборува во Конгресот. После тоа, тој ќе се врати во Украина.

Од почетокот на војната, Вашингтон му испраќа на Киев милијарди долари воена помош.

Бајден денеска ќе објави уште еден пакет помош од речиси две милијарди долари, изјави висок претставник на американската влада, додавајќи дека пакетот ќе го вклучи и противвоздушниот ракетен систем „Патриот“.

Ова не е изненадување, бидејќи веќе имаше информации во медиумите дека американската влада размислува да го испрати тој ракетен систем во Украина.

„Патриот“ може да ги прекрои картите

Според експертите, противвоздушниот ракетен систем „Патриот“ може да доведе до промена на ситуацијата на теренот, бидејќи може да соборува авиони, крстаречки ракети, беспилотни летала и ракети на поголема далечина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шериф упаднал во судницата во Кентаки и го изрешетал судијата

Претставник на американската влада изјави дека украинските војници ќе бидат обучени за системот во трета земја. Тој не го прецизираше тоа.

Логично е да се претпостави дека Украинците – како и во случајот со другите системи – ќе поминат обука во Германија. Полигонот Графенвер во Баварија е пример за соодветен полигон.

Loading...

Москва неодамна го предупреди Вашингтон да не го испорачува „Патриот“ на Украина.

Како и другите тешки оружја, овој ракетен систем ќе стане „легитимна приоритетна цел“, изјави минатата недела портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Вашингтон веќе ја снабдува Украина со повеќецевниот ракетен фрлач Химарс или противвоздушниот ракетен систем Насамс.

„Не сакаме директна војна со Русија“, рече претставникот на американската влада и додаде дека тоа нема да се промени ниту по посетата на Зеленски и испораката на системот „Патриот“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: 40.000 руски војници од Украина пренасочени кон Курск

„Станува збор за испраќање порака до Путин и целиот свет дека Америка ќе биде таму за Украина онолку долго колку што е потребно. Тој рече и дека посетата е добра можност Зеленски да се обрати до американскиот народ.

Нацртот предвидува 42,3 милијарди евра за Украина

Во вторникот (20 декември) републиканците и демократите во американскиот Конгрес се договорија за нацрт-буџет во износ од 1,7 трилиони американски долари.

Буџетот предвидува 44,9 милијарди долари (42,3 милијарди евра) помош за Украина. За нацртот гласаат и Сенатот и Претставничкиот дом.

Ова е втора посета на Зеленски на Белата куќа откако Бајден стана претседател на САД.

Loading...

Украинскиот претседател го посети Вашингтон за прв пат во летото 2021 година.

Тогаш администрацијата на Бајден го предупреди за можноста од руски напад, повикувајќи се на информации од разузнавачката служба.

По почетокот на војната, САД и нивните сојузници воведоа остри санкции против Русија.