Што јадат луѓето во Северна Кореја? (видео)

Сподели со своите пријатели

За Северна Кореја според некои со причина се вели дека е последната земја во која владее диктатор. Освен по сиромаштијата која е позната во светот, има и доста работи кои не се познати надвор од границите на оваа држава.

Имено, поради меѓународната изолација и привилегија на високо позиционираните чиновцници во државата, 25 милиони жители на Северна Кореја живеат во тешка беда и на работ на изгладнување.

Исто така според проценките од 1993 година до 2000 во таа држава околу 330 илјади луѓе починале од глад, а се зборува дека луѓето копале корени по парковите за да можат нешто да јадат.

Ситуацијата денес е нешто подобра, иако поради изолираноста на државата никој не може да ги знае вистинските податоци за здравјето и исхраната на населението.

Сепак, затоа еден корисник на социјалните мрежи објавил видео од тоа што може да се купи на штанд за брза храна во Пјонгјанг.

 

Loading...