Оваа слика е всушност направена од повеќе фотографии. Со нејзина помош можете да откриете многу за вашите особини и за начинот на кој размислувате. Едноставно погледнете ја пред да продолжите со читање и обидете се да издвоите една единствена фигура на неа.
Loading...
Работи на кои треба да обрнете внимание
-
Кое животно го најдовте најбрзо?
-
Колку време ви требаше за да ги откриете другите животни?
-
Колку и кои животни ги пронајдовте?
Особини на личноста
Животните кои ги забележавте први даваат увид во вашите особини. Луѓето уште одамна верувале дека животните кои ги избираме кажуваат многу за нас, а нови научни студии покажуваат дека има разлика помеѓу луѓето кои сакаат различни животни. Но што може сега вашиот избор да открие за вас?
Птица: Ако првото животно што го видовте е птица, вие сте отворена личност.
Рак: Ако прво го видовте ракот, вие сте среќни и имате добра смисла за хумор.
Птица и рак: Ако ги видовте двете слики во речиси исто време, вие сте чувствителна личност.
Коњ: Ова животно го гледаат луѓе што се независни и со слободен дух.
Делфин: Тој кажува дека сте креативна личност.
Шатки: Оваа слика може да биде потешка за наоѓање. Ако ја видите прво неа, тоа значи дека сте тивки, фокусирани и внимавате на деталите.
Мечка: Ако го видовте овој ѕвер, тоа значи дека сте роден лидер со многу цврст карактер.
Куче: Ако прво го видовте кучето, вие сте добра и грижлива личност.
Овој тест помага да ги откриете вашите доминантни особини бидејќи вашата потсвест игра голема улога во тоа кое живото ќе го забележите прво.
Начин на размислување
Оваа вежба исто така може да ви открие повеќе за начинот на кој размислувате. Додека особините на животните се поврзани со вашите карактеристики, начинот на кој се фокусирате на сликата е поврзан со тоа како размислувате.
Птица и рак: За пронаоѓање на овие животни потребно е фокусирање на контраст. Ако сте успеале брзо да ги пронајдете и двете, вашиот мозок многу брзо ги преработува информациите. За вас е полесно да најдете поврзаност и шаблони.
Коњ: Да се види коњот е потешко. Неговото наоѓање укажува на вашата способност да гледате подлабоко. Тие што го виделе без многу барање се интуитивни личности.
Делфин: За да се пронајде делфинот потребен е сосем нов тип на размислување. За да го видите треба речиси целосно да ги релаксирате вашите очи. Ова укажува на креативно размислување.
Мечка: За да ја видите мечката потребно е да имате способност да ја видите „големата слика“ и да не се задржувате на ситните детали.
Но, што значи ако ги најдовте сите животни? Колку повеќе животни видовте, толку поразлично размислувате од другите. Иако звучи комплицирано, овој начин на размислување ви помага да најдете повеќе решенија или опции. Ако најдовте повеќе од четири животни, вие сте на добар пат да почнете да размислувате различно од другите.
кафепауза.мк