Што е потребно за среќен брак? Една студија ја открива тајната!

Сподели со своите пријатели

Според истражувањата, рецептот за совршен брак вклучува неколку значајни разговори, неколку долги заеднички прошетки и најмалку две големи кавги секој месец.

Loading...

Барем така покажала студијата која е направена на 2.000 среќно оженети мажи и среќно мажени жени дека покрај горенаведеното, за среќа во бракот придонесуваат и редовните заеднички одмори, гушкањето и интимноста.

„Студијата на „Warner Leisure Hotels“ е спроведена со намера да се откријат сите елементи кои се клучни за среќен брак, а резултатите велат дека среќните парови се оние во кои брачните партнери продолжуваат да се занимаваат со хоби што ги имале пред бракот, што им го дозволуваат нивната „друга половина“ да ги види во нивните најлоши изданија, како и оние кои се шегуваат и се „глупираат“.

 

 

Освен тоа, за среќа во бракот, се вели во студијата, придонесува и меѓусебното жалење за работните и другите обврски, како и меѓусебното изразување на почит.

– Многу парови велат дека се поблиску еден до друг по заедничкиот романтичен викенд во кој никој не мора да ги извршува секојдневните обврски – изјави за Mirror водачот на истражувањето Сајмон Томпсон, додавајќи дека „потребна е мешавина од хумор, посветеност, разбирање за квалитетна врска и споделување слични интереси“.

Loading...

Повеќе од 70 отсто од испитаниците се согласуваат дека поминувањето време заедно може да им помогне да се сетат зошто се сакаат, а 36 отсто се задоволни со помали гестови на внимание, како што е одвреме – навреме заедно излегување на вечера.

Меѓутоа, дефиницијата за романса не е иста за сите, па четворица од десет испитаници ги ценат секојдневните мали гестови на сопружниците, па затоа и фрлањето ѓубре или помагањето во некои други домашни работи го сметаат за романтично.

 

 

Според истражувањето, клучните компоненти за среќен брак се квалитетно поминување време заедно, взаемна посветеност кога еден од партнерите ќе се разболи, чувство на слобода и прифаќање, како и поддршка на партнерот да се занимава со хоби што ги сака.

Според Томпсон, истражувањето покажало дека предуслов за долг и среќен брак е партнерите да си дозволат да се гледаат во најлошото и најдоброто издание, како и редовно да разменуваат нежности и внимание.